Вести

Приведени девет лица во акцијата на ГП „Табановце“

By Radio Bum

December 26, 2022

За злоупотреба на службена положба во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена и шест полицајци, потврди денеска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На ГП „Табановце“ синоќа беше акција на Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвнителство за гонење организиран криминал и корупција. Поради одвивањето на акцијата на граничниот преми имаше тричасовен застој.

Сузана Андоновиќ