Вести

Форумот на жени на СДСМ со пакетчиња за децата во социјален ризик и дечињата на Одделот за онкологија

By Radio Bum

December 26, 2022

Во пресрет на новогодишните празници, Форумот на жени СДСМ Куманово заедно со ЛК на СДММ Куманово ќе подели над 400 пакетчиња на децата од семејствата во социјален ризик, како и на пациентите на Одделот за онкологија на Детска клиника во Скопје.

Подароците беа собрани изминатиов викенд во Куманово во хуманитарна акција под мотото „Подари пакетче, подари радост”.

Акцијата ја поддржаа членови и симпатизери на СДСМ, како и граѓани кои што имаат можност да им ги развеселат новогодишните празници на социјално ранливите категории.

Сузана Андоновиќ