Вести

По три часа застој се пропуштаат патниците на граничниот премин Табановце

By Radio Bum

December 25, 2022

Поради организирана акција на МВР, на граничниот премин Табановце три часа имало застој. Полицијата не ги пропуштала возилата и патниците ниту да влезат ниту да излезат од државата, информираа патниците кои неколку часа чекале на преминот.

Од МВР потврдија дека има акција, но со детали за јавноста ќе излезат утре.

„Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваме заедничка акција на ГП Табановце. Утре ќе имаме детали“, информираат од МВР.