Вести

Во петок трибина на граѓанското здружение „За наше Куманово“

By Radio Bum

December 15, 2022

Во Центарот за култура „Трајо Прокопиев“ во Куманово, во петок со почеток во 19 часот, трибина ќе одржи здружението на граѓани „За наше Куманово“. На трибината ќе говорат претседателот Даниел Стојчевски и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

„На трибината ќе бидат презентирани и прикажани сите активности кои што во изминатиот период ги имаше граѓанското здружение, но ќе бидат презентирани и идните наши заложби и програмски определби кои што здружението ќе ги преземе во текот на наредната година. Сакам да ја искористам ова прилика сите заинтересирани кои сакаат да слушнат за работењето на здружението да ги поканам да присуствуваат на трибината“, изјави Даниел Стојчевски, претседател на граѓанското здружение „За наше Куманово“, кој ги покани граѓаните на Куманово да дојдат на трибината.