Температурните разлики и загадениот воздух за 30 отсто го зголемија бројот на пациентите на интерното одделение при општа болница во Куманово, информираат лекарите.
– Зголемен е број на пациенти кои имаат хронична опструктивна белодробна болест, воспалителни промени на белите дробови, акутни бронхити и секако постојаните пациенти со висок крвен притисок, пореметување на регулација на дијабет и остаантите хронични болести. Причината за зголемен број на овие пациенти е разлика во темпретурата, разлика во временските влијанија, загадување на воздухот, вели примариус доктор Томица Анчевски, специјалист по интерна медицина.
Тој апелира до граѓаните да се заштитат колку им дозволуваат можностите и да престојуваат во природа на чист воздух.
– Граѓаните треба да се заштитат со примена на сите безбедносни мерки, престој на чист воздух колку е тоа можно, редовно земање на терапија за покачен крвен притисок, таблетарна терапија, инхалациона терапија на пациентите што имаат хронична опструктивна белодробна болест, примање на препарати кои имаат дејство на зголемување на имунолошкиот систем , вели специјалист доктор Анчевски.
Сузана Андоновиќ