Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 ми декември 2022 година (четврток), Св. Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот Св.Климент Охридски.
Климент Охридски е еден од првите словенски просветители, научник и писател.Тој бил основач на Охридската книжевна школа попозната како „Прв словенски универзитет”, од кој излегле 3.500 подготвени ученици. Повеќето словенски народи го сметаат за покровител на образованието и јазикот. Се смета дека бил прв Епископ Словенски со титула Епископ Велики.
Радио Бум