Заврши реконструкција на тоалетите во кумановското основно училиште „Вук Караџиќ“ во Куманово, информираа денеска надлежните. Средствата за реконструкцијата на санитарните јазли се обезбедени од општина Куманово, а од училиштето информираат дека наскоро ќе биде реконструиран влезот во училишниот двор.
-Очекуваме да се подобри хигиената за учениците од вториот кат на училиштето, а наскоро очекуваме и реализација на проектот за реконструкција на влезната врата од училишниот двор. Континуирано се работи за подобрување на условите за учениците. Претходно потпишан е договор со МОН за реконструкција на училишната фасада и очекуваме да почне реализацијата на проектот-изјави в.д. директорот на „Вук Караџиќ“, Ивица Ѓоргиевски.
Изминатиов период општината постави и современо спортско игралиште заедничко за основците од „Вук Караџиќ“ и соседното „Наим Фрашери“, а изградени се и пристапна рампа и тоалет за учениците со попреченост.
Училиштето е изградено во 1974-та година.
Сузана Андоновиќ