Вести

Приведен кумановец, злоупотребил туѓа платежна картичка

By Radio Bum

November 02, 2022

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Х.(48) од Куманово.

Тој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40-годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари.

Платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.