Вести

СДСМ Куманово – Една година од неспособното владеење на „Наше Куманово“ и ВМРО ДПМНЕ на чело со Максим Димитриевски

By Radio Bum

November 01, 2022

Општинската организација на СДСМ од Куманово со писмена реакција за едногодишниот мандат на градоначалникот Максим Димитриевски, кој веќе една година не е член на СДСМ.

Една година од владеењето на Максим во Куманово.

Една година партиски вработувања.

Една година терор врз неистомислениците во општинските институции.

Една година гол популизам и замимавање со надворешна политика, наместо решавање на проблемите на граѓаните.

Една година без ветуваните катни гаражи.

Една година без паркови и зелени површини.

Една година недомаќинско работење на општинските институции.

Една година неспособно управување и менаџирање на сите општински установи.

Една година поставување раководни кадри и вработувања во договор со ВМРО ДПМНЕ.

Една година како Максим се одолжува на ВМРО ДПМНЕ и обработува за добиените вмровски гласови, задоволувајќи ги нивните апетити за раководни функции.

Една година од неспособното владеење на „Наше Куманово“ и ВМРО ДПМНЕ на чело со Максим Димитриевски, кој впрочем е поголем вмровец од вмровците.

Куманово и кумановци се разочарани. На општината и се потребни решенија за многубројните проблеми. На градот, приградските населби и селата не им треба гол популизам и меѓународна политика, потребни се капитални инвестиции, се вели во соопштението на ОО СДСМ Куманово.