Вести

Приведени шверцери од Сопот во нивниот автомобил пронајдени четири лица мигранти од Куба

By Radio Bum

October 31, 2022

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода М. Б. (26) и С. М. (28), двајцата од с. Сопот.

При преглед во возилото „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени четири лица мигранти од Куба, од кои еден малолетник. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.