Идните мајки, но и членовите на семејството на идните родилки преку школата за родителство во Општа болница во Куманово ќе можат да се едуцираат за исхрана и здрав стил на бременост, психофизичка подготовка на трудницата, објаснување на самиот чин на раѓање, вежби за релаксација и правилно дишење, грижење за новороденчето, а ќе биде објаснета и разликата меѓу природното породување и царскиот рез. Идните мајки ги обучуваат вработените од акушерското одделение, Анита Стоилковска и Мендуше Селмани. Активно е вклучена и началничката на одделението, д-р Лидија Јовчевска, главната сестра на Општата болница во Куманово, Валентина Стојмировиќ и други вработени.
– Предавањата, во рамки на школата за родителство започнуваат со општи упатства, како тече бременоста, што треба да прават, колку килограми ќе направат, како да се хранат, кои витамини да внесуваат и што треба да очекуваат пред породување. Школата за родителство за нас е многу важна како оддел, родилките правилно да бидат подготвени кога ќе дојдат, што ги очекува што да направат и како да се подготват за самиот чин на породување, односно како ќе дојде новиот член во нивното семејство. За нас е важно да добијат правилни инструкции и упатства и да знаат што ги очекува на одделението, дека тоа е природен и нормален процес во кој треба да земат активно учество, изјави докторка Лидија Јовчевска, началничка на одделот за акушерство при општа болница Куманово.
ВИДЕО ДР.ЛИДИЈА ЈОВЧЕВСКА 313895791_4440758426049079_4300573664227230712_n
Валентина Стојмировиќ, главна сестра вели дека заинтересираноста е солидна и се надеваат на поголем одзив.
– На првиот час имавме неколку трудници, се надеваме дека понатаму и ние ќе поработиме со помош на матичните лекари, медиумите и социјалните мрежи тоа да стане поактуелно.
ВИДЕО СЕСТРА ВАЛЕНТИНА СТОЈМИРОВИЌ 313046827_8878668918813730_3559205157498387018_n
Анита Стоилковска,поранешна акушерска сестра,сега психолог која активно работи на проектот вели дека подготовката за мајчинството ќе им помогнат на идните мајки во нега и грижа за новороденчето.
– Почнуваме со здрава исхрана и здрави стилови на бременост, поврзасноста на детето со родителите, мајчинство, психофизичка подготовка, вежби за дишење кои ќе им помогнат во текот на раѓањето и да им ги олеснат контракциите и да ги поднесат добро болките. Предвидени се часови за спонато породување, предности, што да очекуваат, како да се однесуваат, предавања за царски рез и предвидено е доење и нега на новороденчето, да ги усвојат знаењата и како и понатаму и дома да се однесуваат, изјави Стоилковска.
ВИДЕО АНИТА СТОИЛКОВСКА ПСИХОЛОГ 312590487_8514074745277170_1392018127706384259_n
Работилниците се бесплатни, а заинтересираните можат да се пријават на општа болница или преку социјалните мрежи.