Вести

Тренчевска до крајот на годината кумановската болница ќе добие мамограф

By Radio Bum

October 30, 2022

До крајот на годината кумановската болница ќе добие мамограф, со цел рано откривање и превенција од болеста рак на дојка, изјави од Куманово министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, која како претседателка на Форумот на жените на СДСМ , заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на УЈП и заменик претседател на СДСМ, Сања Лукаревска, денеска во Куманово присуствуваа на ревијалната трка по повод месец на борбата против рак на дојка, а во организација на Форум на жени на СДСМ Куманово.

ВИДЕО- 10000000_5666505220064523_7103739701613394105_n

– Кампањата е насловена ,,Обоји го розово месец октомври’’ , преку која ја подигаме свеста за превенција и порачуваме дека ракот на дојка може да се излечи само доколку навреме се открие со самопрегледи и редовни контроли. Апаратурата во здравствените домови и во болниците е неопходна за да можеме да имаме рано откривање на ракот на дојка, а преку проект на светска банка во кое е вклучено министерство за труд и социјала, а главен носител е министерство за здравство веќе склучивме договори со меѓународни фирми за набавка на мамографи и друга апаратура за повеќе болници низ државата меѓу кои е и Куманово. До крајот на годината голем број на мамографи и апарати ќе бидат ставени во функција, рече Тренчевска.

-Низ целата држава преку трибини кажавме дека е многу битно да се оди на редовни прегледи. Онаму каде е потребно даваме заедничка грижа, а идниот месец ќе одбележуваме борба за семејно насилство. Како форум на жени секогаш сме онаму каде е најпотребно и покажавме дека само со заедничка борба пред се жена со жена може да има резултати и успеси , рече Сања Лукаревска потпретедателна на СДСМ.

– Со оваа ревијална трка ја заклучуваме кампањата и порачуваме на сите дека ракот на дојката не е неизлечив доколку рано се открие. Им порачуваме на сите жени редовно да вршат самопрегледи со цел доколку постои некоја индикација да се открие рано а со тоа да има можност и за излекување на болеста, изјави Јасмина Ѓорѓиевска претседателка на Форум на жени на општинската организација на СДСМ, Куманово.

Ѓорѓиевска информираше дека Форумот на жени на општинската организација на СДСМ од Куманово и оваа година се приклучи кон глобалната кампања ,,Розов октомври за поддршка во борбата против рак на дојка”, a како форум на жени одржале и повеќе активности во текот на изминатиот месец .

Сузана Андоновиќ