Во занаетчискиот дом во Куманово, денес беше отворена изложбата Ден на македонската револуционерна борба на која присутните имаа можност да разгледаат 20-тина фотографии од основачите на македонската револуционерна организација, заклетва, револвер, кама и устав, печат на кумановската револуционерна организација, устав на ТМОРО, текст од Илинденското востание, кои припаѓаат на историското депо на НУ Музеј-Куманово. Изложбата се оргнизира за првпат.
Претседателката на советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска повика за во иднина, надлежните од Фондацијата за култура и спорт да посветат внимание и да се поканат ученици и други заинтересирани граѓани за изложби од историски карактер.
-Убав настан, забележав дека Фондацијата како организатор на настанот е недоволната посетеност, информираност на граѓаните. Вакви изложби треба да се видат од ученици, наставниците по историја да ги организираат и да ги разгледаат фотографиите од нашата богата историја, изјави Ѓорѓиевска.
Изложбата е во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.