Вести

Останува зимското сметање на времето, во сабота спрема недела ќе се вратат стрелките на часовникот за еден час

By Radio Bum

October 25, 2022

Останува зимското сметање на времето. Владата попладнево пресече, ноќта меѓу 29 и 30 септември граѓаните повторно ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад.

Можноста за задржување на летното сметање на времето дојде на почетокот на месецов. Владата анализираше дали Македонија би можела да биде меѓу првите држави во Европа која ќе остане на летното сметање на времето, за тоа да помогне да се заштеди електрична енергија.