Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово лишиле од слобода тројца кумановци, затоа што пред угостителски објект во Куманово физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информиираат од полицијата.
– На 09.10.2022 во 02.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.М.(24), А.П.(24) и Д.Л.(23), сите од Куманово, затоа што пред угостителски објект во Куманово физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.