Вести

Мостот во Проевце од денеска на пладне ќе биде прооден за сообраќај

By Radio Bum

October 10, 2022

Точно во 12 часот на пладне мостот во Проевце ќе биде пуштен за сообраќај, информираат надлежните.

Мостот на реката Кумановка од февруари годинава беше целосно затворен за сообраќај поради реконструкција.

Извршена е целосна реконструкција на мостот, кој се наоѓаше во катастрофална состојба, со дупки по коловозот и скршена заштитна ограда.

„Градежните активности опфаќаат санација на столбовите, менување на лежиштата, санација на челичната конструкција, санација на отворената дупка на коловозот, бетонирање на нова коловозна плоча, нова хидроизолација, нови дилатации, нова еластична одбојна ограда и нови тротоари. Санацијата на мостот ќе изнесува 59.733.742,00 денари без ДДВ“, соопштија тогаш од Јавното претпријатие за државни патишта.

Вредноста на проектот е околу 1 милион евра, а средствата се обезбедени од државата.