Едно лице од Куманово е приведено, откако во неговиот автомобил биле пронајдени прашкасти материи за кои ќе се утврдува дали се наркотични средства. С.С. 31 годишен од Куманово е лишен од слобода информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
– На 06.10.2022 во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(31) од Куманово затоа што при преглед во неговото возило биле пронајдени и одземени бела прашкаста, бела грутчеста материја, розова грутчеста материја и предмет со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Куманово.