И покрај апелот на МВР граѓаните да внимаваат при купување на огревни дрва, поради зголемен број на измами, кумановец останал без 10 000 денари.
Според информациите на Секторот за внатрешни работи Куманово, 38-годишен маж од кумановско село во кумановската полиција пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 денари. Според пријавеното, откако лицето му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, лицето заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.