Вести

Денови на мед во Куманово од четврток на градскиот плоштад

By Radio Bum

October 05, 2022

Во организација на пчеларското здружение „Пчела“ , утре и во наредните три дена ќе се одржи традиционалниот саем „Денови на мед 2022“.

Отворањето на саемот на мед во Куманово организаторите го најавија за 10 часот на градскиот плоштад, каде ќе бидат поставени штандови на кои ќе бидат изложени мед и пчелни продукти.