Општина Куманово започна еколошката акција „Куманово мој зелен дом“, преку која сакаат да ја подигнат свеста на жителите на Куманово за заштита и зачувување на животната средина, почнувајќи од најмалите генерации, изјави Ивана Ѓорѓиевска, претседателка на советот на општина Куманово.
-Општина Куманово секоја година се вклучува во еколошки акции, денеска ги посетивме основните општински училишта ,,Кочо Рацин”, ,,Tоли Зордумис” и ,,Наце Буѓони”, a целта ни е да ја прошириме еколошката свест односно да кажеме што можеме ние како ученици и ние како луѓе што живееме во Куманово да помогнеме за зачувување на екологијата во Куманово и воопшти на хигиената на Куманово. Денеска ќе завршиме со пошумување заедно со учениците од „Наце Буѓони“, ќе посадиме садници со помош на „Чистота и зеленило”, овде на споменик Костурница, изјави Ѓорѓиевска.
На спомен Костурница во Куманово учениците од средното стручнo училиште “Наце Буѓони” заедно со претседатеклката на советот Ивана Ѓорѓиевска, раководителот на секторот за образование Александар Јовановиќ, директорот на ЈП. Чистота и зеленило Даниел Стојчевски и вработени од Чистота засадија садници јасен.
Акцијата “Куманово Мој Зелен Дом” ќе трае во текот на целата година со различни активности во делот на еко акции ,најави Ѓорѓиевска.