Одговорот на надлежните од ЕВН за прекините на електрична енергија во Куманово кои се многу чести во изминатите четири дена е дефект, за кој е комплицирано да се лоцира.
– Во центарот на Куманово неколку дена има краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Прекинот трае до 3 минути во денот. Екипите на Електродистрибуција се на терен и се посветени на лоцирање на дефектот. Во случајот, лоцирањето е покомплицирано и одзема многу повеќе време бидејќи екипите прават контрола на подземните кабли а прекинот трае многу кратко. По краткотрајниот прекин снабдувањето веднаш се стабилизира- информираат од ЕВН.