Вести

Вработена на инфективно одделение во кумановската болница нападната и повредена со остар предмет

By Radio Bum

September 29, 2022

Вработена на инфективно одделение во кумановската болница ноќеска била нападната и повредена со остар предмет. Според информациите од Секторот за внатрешни работи ја нападнал 38 годишен кумановец кој бил приведен од полицијата.

– На 29.09.2022 година во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманового лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово затоа што со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.