Вести

Без најава исклучување на електрична енергија во Куманово 4 пати за 4 дена, ЕВН вели непредвидени дефекти

By Radio Bum

September 29, 2022

Во центарот на Куманово за четири дена, 4 пати прекини во снабдување со електрична енергија. Од ЕВН контакт центарот велат дека се дефекти, а дефектите не можеле да ги предвидат. Потрошувачите реагираат и се жалат дека честите прекини на електрична енергија им прават штети како во домаќинствата така и во фирмите.

Сопствениците на приватните субјекти реагираат и велат дека имаат големи штети и загуби со исклучување на електрична енергија. И радио Бум, кое е лоцирано во центарот на Куманово претрпе штета.

– Во понеделник два пати снема струја, во среда повторно снема струја и денеска, четврток повторно. Програмата е во прекин и не се емитува,таканаречените УПЕС батерии држат одредено време но се исклучуваат. Имаме 7 компјутери, дигитална миксета, линк и уште многу скапа опрема која може да се расипе со честите прекини. На оваа економска криза, уште ни треба да купуваме и нова опрема по вина на оние кои ги плаќаме за услугата која треба да ја имаме редовно, оваа е многу и бараме одговор зошто толку чести дефекти имаме- реагира директорот на радиото.

Во центарот на градот има многу стопански субјекти кои без струја не можат да работат.