Вести

Зголемен бројот на децата со респираторни инфекции, децата да се хранат здраво, да им се подигне имунитетот, а доколку имаат симптоми на настинка да се изолираат препорачуваат педијатрите

By Radio Bum

September 24, 2022

Со падот на температурите, променливото време и почетокот на учебната година се зголемува бројот на децата со компликации од долнореспираторни инфекции, бронхит, пневмонија, ларингит. На детското одделение во кумановската болница во моментов има хоспитализирано 15 деца, а идентичен е и бројот на децата кои се лекуваат во дневната болница информираат од детското оделение. Препораката на педиатрите е во овој период од годината да се работи на зголемување на имунитетот кај децата со здрава исхрана, овошје и зеленчук и внесување на повеќе витамини, да не се групираат децата во затворени простории, а ако децата се настинати или со симптоми на настинка да се изолираат, вели доктор Ферихан Бајрами, началничка на детското одделение во кумановската болница.

– Со падот на температурите и почетокот на учебната година, имаме зголемен број на заболени деца, од предучилишна и училишна возраст. Првите симптоми што се појавуваат кај децата се покачена телесна температура, зголемена носна секреција, кашлица ретка надразнителна, но потоа следи и длабока кашлица. Оние со полесна клиничка слика се лекуваат кај матичните лекари, а со потешка кај нас на одделението, вели докторка Ферихан Бајрами.

-Наша препорака како педијатри е поради променливото време да се зајакне имунитетот со храна богата со витамини и минерали, повеќе овошје и зеленчук, прошетка. Заболените да не се групираат. Доколку родителите забележат симптоми да ги изолираат децата бидејќи на одделението има хоспитализирано деца од исти одделенија, додава Бајрами.

Детското одделение како што вели началничката е добро екипирано.

– Имаме пет специјалисти и двајца спезијализанти и може да пружиме помош на заболените деца од Куманово и од општините од североисточниот регион, вели докторка Ферихан Бајрами.