Вести

Повредени пешаци на „Октомвриска“ и „Ѓорче Петров“

By Radio Bum

September 21, 2022

Две сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден во кои жртви се дваица пешаци. Како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи првиот пешак потешко бил повреден на „Октомвриска револуција“ , незгодата се случила по 09 часот. По незгодата веднаш интервенирала Итната помош, по што пешакот по укажана помош веднаш бил префрлен во Ургентен Центар во Куманово на понатамошно лекување.

Втората незгода се случила на улицата Ѓорче Петров. И во овој случај пешак се здобил со тешка телесна повреда ( фрактура на потколеница) и веднаш е префрлен ва Ургентен Центар Куманово.