Вести

Се чисти ѓубрето од градските гробишта, граѓаните да бидат совесни и да ги користат контејнерите апелираат од Чистота и зеленило

By Radio Bum

September 21, 2022

Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ Куманово продолжуваат со чистењето на градските гробишта, соопштија денеска надлежните. Од претпријатието наведуваат дека покрај расчистувањето на секаков вид на смет на градските гробишта, поставени се нови контејнери. Темелната акција за расчистување се спроведува по реакција на граѓаните кои бараа целосно расчистување на гробиштата.

– Покрај чистењето на гробиштата од секаков вид на смет, од утре планирано е расчистување на „дивите“ депонии низ градот. И повторно апелираме граѓаните совесно да се однесуваат, изјави директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски.

Надлежните посочија дека на повеќе локации во градот поставени се таканаречените контејнери „ѕвона“ кои се наменети за селектирање на стакло. Вакви контејнери поставени се на „Народна Револуција“, „Тоде Думба“, „Индустриска“ улицата „11 Ноември“ во населбата Бедиње, в населбата „Иго Тричковиќ“, кај градскиот базен, на влезто од Куманово на бензинска пумпа.

-Во текот на оваа година имаме складирано околу 30.000 килограми селектирано стакло, што ќе биде предадено на соодветен правен субјект за понатамошно рециклирање, изјави Стојчевски