Вести

Во Куманово приведено лице од Струмица, превезувал мигранти

By Radio Bum

September 20, 2022

Полициски службеници во Долно Којнаре, кумановско го лишиле од слобода С.Ш.(20) од Струмица, кој превезувал седум лица, мигранти од Сирија. Според информациите од МВР на 19.09.2022 oколу 16.15 часот во населба Долно Којнаре, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода струмичанецот .

При контрола на патничко возило „форд фокус“, со бугарска национална ознака, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија.

По документирање на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.