По спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, за време на изминатиот викенд на подрачјето на Куманово од страна на МВР санкционирани се вкупно 181 возачи. За управувале возило со брзина поголема од пропишаната казна добиле 79 возачи, 38 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола и 52 останати видови прекршоци.
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР.