Вести

Две лица приведени за агресивно однесување кон полициски службеници и оштетување на полициско возило

By Radio Bum

September 14, 2022

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово ги привеле и извршиле службен разговор со И.Р.(45 години) и С.Р.(48 години), двајцата од Куманово.

Вчера во 08.40 часот на улицата „11-ти Октомври“ И.Р. се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека С.Р. оштетил службено полициско возило, информира кумановската полиција.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.