Во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022“, полициските службеници од отсекот за превенција при СВР Куманово одржаа превентивни активности заедно со претставници од Здружението на пензионери од Куманово, армиско-полициските ветерани, општина Куманово, Центарот за култура, Сојузот на училишни спортови, членови на училишните сообраќајни единици од ООУ „Бајрам Шабани“ и ООУ „Браќа Миладиновци“, шаховскиот клуб „Фишер“ Куманово, ОСБСП Куманово и претставници од шаховската федерација на РСМ, соопштија од СВР Куманово.
– Една од целите на оваа превентивна активност беше да се упати порака до пошироката јавност за поголема будност и внимание за заштита на својот личен имот од кражби по куќи и станови и други објекти, поголемо внимание од џебните кражби, измамите при набавка на огревно дрво во овој период од годината и запознавање со можните последици и законски санкции за употреба на огнено оружје на семејни веселби, наведуваат од кумановската полиција. Учениците-членови на училишните сообраќајни единици од основните општински училишта на граѓаните им поделија едукативни летоци. Отсекот за превенција на учесниците им врачи благодарници за нивното учество и придонес во спроведувањето на настанот.