Вести

Премиера на комедијата „КОВАЧИ“ во сабота во Центар за култура Куманово, билетите пуштени во продажба

By Radio Bum

September 01, 2022

Актерска екипа на кумановскиот театар Антонио Димитриевски, Кети Дончевска – Илиќ, Горан Илиќ, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ, Давид Илиќ и Марко Трајковиќ ја подготвија урнебесната комедија ,,Ковачи,, по текст на Алек Попов, а во режија на Деан Дамјановски.

– Денес сме сведоци на еден „култ“ кон среќата. Како постојано да ја бараме во секојдневните задоволства – храната, спортот, сексот, религијата, новите философии. Постојат цели индустрии кои ни продават „среќа“ – од „селф хелп“ индустријата, преку козметичката, до филмската. Ве очекуваме на новата премиера, порачуваат актерите за комедија која ќе ве насмее.. Во сабота на 3 септември во 20:00 часот во Центар за култура Куманово.

Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетара во Центар за култура Куманово.