Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информираат од регионалниот центар за управување со кризи.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а за излез на Табановце и Пелинце се чека околу 1 час.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.