Вести

Превозниците утре на протест пред општината поради проблемот со превозот

By Radio Bum

March 17, 2022

Пред Општина Куманово утре на протест ќе излезат компаниите кои вршат јавен превоз, поради незадоволството од работата на градоначалникот и администрацијата за нефункционирањето на најфреквентните линии. Тие ги повикаа граѓаните кои се засегнати од немањето превоз, да им се приклучат.

Протестот ќе започне во петок во 11 часот кај спортската сала, по што превозниците со педесетина автобуси ќе поминат низ улиците „Октомвриска револуција“, „Доне Божинов“, „11 Октомври“, „Трета МУБ“, „Гоце Делчев“ и ќе завршат пред Општина Куманово.

Протестот на превозниците е најавен во МВР и ќе се одржи по сите протоколи.