Вести

Штрајк на матични лекари во Куманово, нашите барања одеа на глуви уши вели доктор Асани

By Radio Bum

February 18, 2022

Од 100 ординации во примарното здравство на територија на општина Куманово на 20 ординации кои имаат помал број на пациенти со ниската капитација им се заканува клуч на врата. Со месечни примања од 40 000 до 60 000 не можат да опстанат, со кои пари и како да ја платат медицинската сестра, електричната енергија, закупот на ординациите, а имаме и многу други трошоци, вели доктор Фатмир Асани координаторот на здружението на матичните лекари од Куманово. Тие денеска ги затворија вратите на ординациите и се приклучија на најавениот штрајк, преку кој побараа покачување на капитацијата во примарното здравство.

• Денеска овој ден е тежок за мене како доктор, но принудени сме на овој чекор и ги молиме пациентите да ја разберат и нашата ситуација, вели Асани. Нашите барања до сега одеа на глуви уши вели Асани, договорите кои ни ги дава министерството за здравство се земи или остави, а со денешниот штрајк ги предупредуваме властите ако им е потребно примарно здравство треба да преговараме во спротивно ќе затвориме и ќе се занимаваме со друга професија. Ние бевме на првата линија кога се појави короната, ние сè уште не знаевме дека станува збор за корона, ниту ни дадоа помош, ниту маски и други хигиенски средства да се заштитиме од корона. вели Асани. Матичните лекари во Куманово денеска ги примија само итните пациенти .

Сузана Андоновиќ