Патниот правец кон село Мгленце е завеан со снег, а месното население има потреба од помош информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, Куманово. Во планинското село Мгленце има 10 куќи во кои живее претежно постаро население. Од општина Старо Нагоричане ја следат ситуациијата и велат дека доколку населението имаат потреба од помош ќе ги ангажираат сите расположливи ресурси да им се помогне.
– На телефонскиот број 195 ни се јави жител од с.Мгленце и не извести дека на локалниот пат во с.Мгленце имаме навеви од снег од 1 метар во должина од 1 километар и патот е непрооден за сите моторни возила и дека немаат електрична енергија во селото. Во селото има околу 10 куќи каде живее месно население од стари и болни луѓе и им е потребна помош- е наведено во извештајот на регионалниот центар за управување со кризи.
Тие стапиле во контакт со надлежните од општина Старо Нагоричане од каде им било соопштено дека се запознаени со случајот.
– Стапено е во контакт и со одговорното лице од Општината Старо Нагоричане за соработка и бевме известени дека се запознаени за овој случај во с.Мгленци и се преземени мерки на расчистување на патнитот правец Малотино -Мглнце, а се расчистуваат од страна на ТД Борас- Трејд со кое Општината има склучено договор. -На наше јавување на лицето за контакт со Оп.Ст.Нагоричане во 18:08часот сме известени дека патот не е расчистен денеска бидејки возилото се заглавило во калта и не биле во можност да интервенираат понатака, во текот на утрешниот ден повторно ке се расчистиву и се надеваат дека ке се расчисти патниот правец Малотино-Мгленце. -Од наша стрна преку мејл е известена Општината Старо Нагоричане дека во колку ги употребат сите расположиви ресурси а и понатаму не можат да се справат со несаканиот настан, согласно важечките Закони и процедури треба писмено да побарат помош од Дирекцијата за заштита и спасување, е наведено во соопштението од регионалниот центар за упаравување со кризи.