Припадниците на религиозната еврејска група Леф Тахор која беше во Куманово од четвртокот се префрлени во Скопје од безбедносни причини.
Од МВР ни одговорија дека лицата го напуштиле Куманово.
-Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, ни одговорија од МВР.