Вести

Александра Боризовска во грчки ПАОК, Бисера Паскал во Тенерифе

By Radio Bum

January 25, 2022



Кумановските ракометарки Александра Боризовска и Бисера Паскал ја продолжуваат ракометната кариера во странски клубови. Боризовска ќе игра во клубот ПАОК од Грција и оваа ќе и биде втор предизвик во странски клуб. Од ЖРК Куманово објавија и дека Бисера Паскал потпиша договор со шпанскиот прволигаш Тенерифе. И за Паскал оваа е втор предизвик во странски клуб.



Боризовска, беше капитен на ЖРК Куманово, а Паскал, голман. Ракометарките заедно со останатите ракометарки од Куманово, минатата сезона го освоија домашното првенство и Купот на Македонија. Боризовска настапува и за женската репрезентација на Македонија.