Вести

Никола Бојковски го фати светиот крст во храмот на Свети Никола во Куманово

By Radio Bum

January 19, 2022

Никола Бојковски од Куманово е среќното момче кој го фати светиот крст на Водици во базенот во црквата Свети Никола. Тој има 29 години, а годинава за прв пат имаше среќа да го фати крстот.

– Посакувам здравје, среќа, мир и благосостојба за себе, моето семејство и за сите луѓе, изјави Бојковски.

Тој е невработен, а како што кажа има свој бизнис со кој наскоро ќе започне и да работи.

Денеска по светиот крст на централната прослава во храмот на Свети Никола во Куманово, скокнаа 21 момче, а најсреќниот беше Никола Бојковски.

Тој од Кумановско-осоговската епархија прими подарок икона, а подароци прими и од градоначалникот на општина Куманово.