Вести

Кризниот штаб и препорача на Владата учебната година да продолжи со настава од 1 февруари

By Radio Bum

January 17, 2022

Главниот кризен координативен штаб донесе заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради кој препорачува да се одложи учебната година до 01 февруари 2022, со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот.

Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.

Заклучокот е предложен до Владата и за него Владата ќе дискутира на седница која се одржува вечерва.