Министерството за економија го објави јавниот оглас за финансиска поддршка со кој над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе добиваат од 600 до 800 денари пониски сметки за струја.
За оваа мерка обезбедени се 60 милиони денари, а право на помош имаат лицата чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за:
-самец до 15.194 денари; -домаќинство со два члена до 18.000 денари; -домаќинство со три члена до 21.000 денари -домаќинство со четири члена до 25.000 денари; -домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари.
Финансиската поддршка ќе се доделува на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци.