Вести

Првото бебе родено во новата 2022 година во Куманово е машко

By Radio Bum

January 03, 2022

Првото бебе родено во новата 2022 година во општина Куманово е машко, четврта рожба на Миранда Синани

Мајката е породена со царски рез, на 2-ри јануари 2022 во 16 часот и 55 минути.

– Со нетрпение го очекувавме раѓањето на свет на првото бебе во општина Куманово. Се работи за машко дете родено со царски рез, на мајката ова и е четврта рожба, инаку трет царски рез. Во моментов се чувствуваат добро, ги посетивме им предадовме подароци, во име на градоначалникот, на општа болница, им посакавме да имаат добро здравје, многу среќа, радости во животот, изјави Снежана Захариева, директорка на општа болница во Куманово.

Мајката и бебето се добро, изјави др. Лидија Јовчевска раководителка на акушерско гинеколошко одделение при општа болница Куманово.

– Оваа е за прв пат, првото бебе во Куманово да се роди на втори јануари, трендот на породувања е намален, ако претходните години имавме по 1800 породувања годишно, минатата година бројот на новородени бебиња беше 933, изјави Јовчевска.

Мајката на подарок од градоначалникот доби штедна книшка од една просечна плата во државата, а од болницата на подарок добија златен накит.

Сузана Андоновиќ