Во првата сообраќајна незгода бил скршен ормар, на плоштадот кој два дена стои и претставува директна закана за минувачите, бидејќи од него излегуваат кабли со струја.
Во втората незгода која се случила денеска на улицата 11 Октомври оштетен е метален столб.
Од полицијата во Куманово информираат дека металниот ормар за напојување на елекрична енергија на градскиот плошдат го срушил 26 годишник кој управувал автомобил ,,ауди”, изгубил контрола над возилото и удрил директно во ормарот.
– На 27.12.2021 година околу 01.10 часот во Куманово, на крстосница од улицата „Плоштад Маршал Тито“ и „Ленинова“, патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.Ѓ.(26) излетало од коловоз и удрило во метален ормар за напојување на елекрична енергија поставен на крстосницата. Повредени лица нема, а екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот, информираат од СВР Куманово.
За оштетениот метален столб на улицата 11 Октомври во Куманово, нема информации од полицијата.