Вести

Градоначалникот со Дедо Мраз ги посети децата на детското одделение во болницата на кои им подари пакетчиња

By Radio Bum

December 24, 2021

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска подели 50-ина пакетчиња на децата сместени на детското одделение при општата болница.

-Традиционално како секоја година во пресрет на дочекот на новата и испраќање на старата 2021 година сме во посета заедно со Дедо мраз на детското одделение во нашата болница во Куманово, да ги посетиме најмалите дечиња кои што се тука и да им врачиме новогодишни пакетчиња. Во оваа прилика сакам да ја честитам новата година на сите деца во нашиот град и да посакам убави новогодишни и божиќни празници на сите кои што прославуваат-истакна градоначалникот на Куманово.

Сузана Андоновиќ