Одрон од карпа ја оштетил куќата на Вера Трајковска во населбата Перо Чичо во Куманово на улицата Ѓорче Петров. Пет дена таа чека да дојдат надлежните служби да и помогнат. Куќата не е безбедна за живеење, оштетени се двете бањи, а карпата претставува директна закана да и го сруши и ѕидот на дневната соба и кујната. Немилиот настан се случил во неделата на 19 декември во 6 часот наутро, Вера спиела, а ја разбудил силен звук, а како што кажа таа земјата се тресела.
• Прво помислив дека е земјотрес, излегов надвор, а соседите веднаш почнаа да викаат да се евакуираме, огромна карпа паднала врз мојата куќа. Кога видов делот од куќата беше целосно разурната- вели сопственичката.
Вера пријавила во регионалниот центар за управување со кризи, екипа излегла во недела и направиле увид, кажале дека ќе дојдат да ја отстранат карпата но по 5 дена никој не се појавил. Таа им звонела на телефон и кажале ќе дојдеме, а според нејзината изјава веќе не сакале ни телефон да и кренат.
• Од куќата ми се оштетени двете бањи и терасата, немам вода, немам тоалет, на мои 45 години не се случило вакво нешто страв ми е да живеам тука, а немам каде. Во дворот има две куќи и двете се загрозени од падот на карпата.
Единствените кои ја посетиле се волонтерите од ОО Црвен крст Куманово кои и однеле пакети, а засега никој од надлежните институции не ја прашал за привремено сместување.
Градоначалникот на Куманово, пак вели се работи за објект кој е дивоградба, иако Трајковска тврди куќата е легализира и редовно ги надмируваме сите давачки.
-Ќе се обидеме во следниот период да ангажираме фирма која што ќе го расчисти сето тоа што се однесува до карпата и одронот, а дополнително и преку Црвен крст реагирав да се однесе еднократна помош и ние ќе стоиме на располагање- изјави Димитриевски.