Вести

Мајка во одбрана на дете го избола со нож сопругот во Табановце

By Radio Bum

December 15, 2021

Според информациите на полицијата синоќа во 22.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Табановце, кумановско, Ј.А.(23) од село Табановце, при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете. Тој бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.