Вести

Поплава во Довезенце и големи наноси на дрва и отпад под мостовите

By Radio Bum

December 13, 2021

По обилните врнежи од дожд во село Довезенце Крива река се излеала од речното корито,а во селата Коинце и Пчиња од надојдената вода имало насобрано дрва и отпад под мостовите кои го отежнувале протокот на водата под Коински мост и мостот во село Пчиња, информираат од регионалниот центар за управување со кризи.

Според извештајот Крива река се излеала од речното корито во близина на куќите во селото.

– Во село Довезенце има зголемен водостој на водите од речното корито на реката Крива река и има излив на вода од речното корито во близина на куќите и шталите. Излевањето на водите било регистрирано во 9 часот. Во 18,00 часот известени сме дека водите се намалиле но сè уште има излевање на речното корито.

Во 09,15 часот сме известени дека под Коински мост има насобрани многу гранки и секаков отпад и движењето на водите е многу отежнато. Постои можност за изливање на водите од речното корито.

– Во 12,20часот сме известени дека кај мостот во с. Пчиња се собрале гранки и дрва кои пречат протокот на водата и го доведуваат во опасност и мостот.

За добиена информација за с.Пчиња веднаш беа информирани Општините, ЦИК при СВР Куманово, ЈП Водостопанство, ТППЕ единиците и ДЗС, е наведено во извештајот на регионалниот центар за управување со кризи.