Вести

Полицијата ноќеска во Куманово казнилa 18 пијани возачи

By Radio Bum

December 12, 2021

За возење под дејство на алкохол 18 возачи биле санкционирани во Куманово. Според информациите од кумановската полиција, во текот на изминатата вечер (11/12.12.2021) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Куманово, при што санкционирани се 18 возачи. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од полицијата и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.