Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадороката на Република Србија во Македонија, Невена Јовановиќ.
На средбата, како што информираат од кабинетот на министерот Спасовски, присуствувал и помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции Маринко Кочовски. Министерот Спасовски и амбасадорката Јовановиќ ја оцениле досегашната полициска соработка меѓу двете земји на највисоко ниво.
На состанокот од двете страни беше констатирано дека од взаемен интерес е тоа партнерство, кое и генерално е позитивно на сите други нивоа на меѓудржавна соработка, и во иднина интензивно да се продлабочува во различните сегменти на заедничко полициско делување, особено во поглед на регионалната меѓугранична соработка и миграциите, информираат од МВР.