Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, вечерва му ја честиташе победата на противкандидатот Максим Димитриевски, од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Тој објави дека разликата во гласови е околу 6000 во корист на Димитриевски.
„Најпрвин сакам да им се заблагодарам на сите граѓани што денеска излегоа да гласаат и изборите поминаа во мирна и фер атмосфера. Во овој момент сакам да им честитам на победниците и порачам Куманово да го управуваат добро, да инвестираат и нашата програма ќе им стои на располагање. Сакам да ве информирам дека СДСМ освои 19.470 гласа, додека независниот кандидат заедно со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, има освоено 25.470 гласови. Ова се неофицијални податоци што ги добивме од нашиот изборен штаб, од сите гласачки места“, кажа Илиевски на прес конференција.
Илиевски кажа дека и Советот на Општина Куманово најверојатно го има мнозинството со 17 советника, заедно со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанста за албанците.