Вести

ДИК: До 17 часот излезноста во Куманово е 37,68 %

By Radio Bum

October 17, 2021

Заклучно до 17 часот во Општина Куманово според информацијата на Државната изборна комисија, своето право на глас го оствариле вкупно 37,68 % од гласачите.

Вкупен број на избирачи во избирачкиот список 93.986 Број на обработени избирачи (57,60%)54.133 Вкупен број на избирачи кои гласале 20.400 Вкупен број на избирачки места (без ЗРД) 167 Број на обработени избирачки места (без ЗРД) (60,48%)101 Излезност* 37,68%

Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 93.986 полнолетни граѓани. Од ДИК информираат и дека ќе бидне продолжено гласањето и по 19 часот. Ќе гласаат сите лица кои чекаат на ред пред избирачките места, а кога ќе заврши гласањето тогаш ќе се затворат избирачките места. Изборниот молк ќе трае се додека трае и гласањето, информираат од Државната изборна комисија.

Сузана Андоновиќ